Најпопуларните локации на Instagram за 2012 година

Instagram ја објави листата со „најинстаграмирани“ места во 2012 година, а на првото место се аеродромот Suvarnabhumi и трговскиот центар Siam Paragon во Бангкок.

Годишната листа на Instagram со места ширум светот на кои луѓето најчесто се фотографирале е навистина интересна, особено затоа што се чини дека корисниците помалку се сликаат со споменици и со слични типични туристички места, отколку што се смета. Најбизарно е тоа што двете најпопуларни локации се аеродром и трговски центар во Бангкок.

tumblr_inline_mfnjuayi6g1qm4rc3

Следни на листата се Дизниленд, Times Square, паркот AT&T во San Francisco, аеродромот LAX, стадионот Dodger, Ајфеловата кула, Staples Center и Santa Monica Pier. [The Two Most Popular Instagram Spots are an Airport and Mall in Bangkok]

- Реклама -