Инспиративни цитати од Џек Николсон + предлог филмови со него

Џон Џозеф “Џек” Николсон е сметан за еден од најпознатите брилијантни американски актери. Тој ја совладал до совршенство вештината да се отелотворува во мрачни ликови или психопати, оставајќи зад себе неколку ремек дела.

Еве и петнаесет цитати на носителот на Оскар, Џек Николсон:

1. Задоволен сум од фактот што сум ги положил потребните напори. Она што секогаш ме загрижувало е дека можеби ќе се откажам пред да дадам се од себе.

2. Долго време се плашев од тоа да останам сам. Треба да се навикнам на осаменоста. Имаше моменти во кои имав потреба да пoразговарам со некого, за да не пукнам. Но сега сакам да сум сам. Искрено,  осаменоста е голем луксуз.

3. Не мислам дека луѓето имаат јасна идеја, што всушност е одморот и каква улога игра тоа во нивниот живот.

4. Ќе ви кажам нешто: Никогаш не им ги давајте на луѓето најдобрите совети, бидејќи тие нема да ги следат и онака.

Jack-Nicholson-001

5. Мразам совети, секакви, освен сопствените.

6. Мразам да давам совети, бидејќи знам дека луѓето нема да ме послушаат.

7. Во моментот во кој престануваме да учиме, сметам дека веќе сме мртви.

8. Мојата филозофија е: живеј денес.

9. Или светот те моделира, или ти го моделираш светот.

wenn5079198

10. Ако мажите се искрени, би признале дека се што прават, и секаде каде што одат е со цел да бидат видени од жени.

11. Ние одиме толку брзо колку што можеме, секогаш кога можеме. Се тркаме со времето, додека не ги потрошиме парите.

12. Можеш да ме повредиш со вистината, но никогаш не ме лажи.

13. Кога сум со очила јас сум Џек Николсон. Без нив сум дебел и имам шеесет години.

14. Една од најтешките работи во стареењето е да губиш пријатели. На почетокот се започнува тивко, мирно – потоа започнува да се случува секој месец; и не можеш, а да не си помислиш: “Кога камбаната ќе удри и за мене?” Згора на тоа чувствуваш како постојано губиш блиски луѓе. Во оваа фаза од животот се чувствуваш како на милиметар од смртта. Застрашувачки е – кој сака да се соочи со Господ и најсветлата бела светлина? Јас знам дека дефинитивно не сакам. Уште не.

Кога сме веќе на темата Џек Николсон, може да опфатиме и неколку предлог филмови со него

Бетмен (1989)
Бетмен (1989)
Летот над кукавичкото гнездо
Летот над кукавичкото гнездо

Најдобро што може

Покојните
Покојните

1

- Реклама -