Инспиративна маркетинг-кампања, за лак за нокти

Американскиот бренд за лакови за нокти OPI, познат во козметичката индустрија во светот, создаде нова рекламна кампања со уникатна идеја.

Марката ја раскажува приказната дека боите содржат јазик, а за таа цел го користи просторот на онлајн рекламирањето, видео прилог и други маркетинг тактики, што ќе ги видите подоле.

Секоја жена може да комуницира со боите- на пример, да прати порака дека ве сака, или да и каже збогум на една љубов преку боите на плачот – жолтата и сивата, но и да го искаже револтот преку пурпурната.

Идејата е дека жените не ги избираат случајно боите за лакот, туку ги селектираат според своето моментално расположение.

Кампањата е деликатна и убава, а истата е дело на рекламната агенција DAN во Париз – дел од мрежата на американската TBWA.

Презентацијата започнува со зборовите на една капка лак… Боите на OPI – азбука на расположението.

Метрореклама во Франција.

2

На страниците на модни списанија.

3

Специјална апликација што комуницира со боите преку скенирање.

4

Пораките се испраќаат преку отпечатоци на платно – облека и додатоци како чанти за дамите.

5

Текстот е објавен во соработка со VIA Marketing.

- Реклама -