Инспектор нападна дете кое продава слатки (Видео)

Приказната за 10 годишниот уличен продавач, кој беше понижен од градскиот инспектор, допре до срцата на голем број на Мексиканци откако беше објавена на интернет. Станува збор за сиромашниот Мануел Диаз Хернандез, кој се занимава со улична продажба за да би заработил за училишниот прибор и книги. Имено, откако полицаецот му ги одземал цигарите на Мануел, го натерал да ги фрли на земја сите предмети кои тој ги носел во дрвената кошница за да ги продава, меѓу кои и колачиња, запалки и слично.

Во Мексико е забрането малолетници да продаваат цигари, а штетата од оние кои му ги одземал инспекторот е поголема од неговата заработка за цела недела. Откако инспекторот си заминал, еден човек му пришол на Мануел да му помогне да ги собере слатките од плочникот, додека тој неутешно плачел со рацете на главата.

[youtube]http://youtu.be/iYKNrxUdhKQ[/youtube]

- Реклама -