Иницијатива за Перо Антиќ на Ол Стар!

Македонците се особено горди на Перо Антиќ кој покажува фантастични резултати во НБА лигата, станувајќи дел од стартната петорка на Атланта.365 и сајтовите во земјава ја поддржуваат новата кампања, која ја започнаа македонските НБА фанови на социјалните мрежи.

Имено, според одличните настапи реални стануваат шансите тој да настапи на  првиот дел од Ол стар викендот кој се одржува во петок и се вика “Rising Stars Challenge”.

Се работи за натпревар на ѕвездите во подем, односно  дуел на кој играат дебитантите и оние кои се втора година во НБА, а тренери на двете екипи се Шекил О’Нил и Чарлс Баркли.

Со оглед на слабиот квалитет на дебитанти оваа година, нашиот Перо Антиќ има реални шанси да биде дел од овој натпревар. Играчите се селектирани од страна на помошниците тренери во НБА екипите, па да дигнеме врева и да направиме притисок за нашиот Перо да добие доволен број гласови од нив.

Според бројот на гласови од минатата година, потребни ќе ни бидат околу половина милион гласови за да го пратиме Перо Антиќ на НБА Ол стар натпреварот кој ќе се одржи на 16 февруари следната година во Њу Орлеанс.

Гласањето се одвива  преку Фејсбук, Твитер и Инстаграм на следниот начин:

1. Ја отворате главната страна – NBA.com:
2. Перо Антиќ не е во главната листа од 60 кошаркари и неговото име можете да го најдете во „(OPTIONAL) write in vote” на листата подолу. Регистрирајте се тука, изберете по пет кошаркари од главната листа и Перо Антиќ во дополнителната листа (барајте го под буквата A – Antic, Pero, Atlanta). – ВИДИ СЛИКА

pero

Гласање на Фејсбук

Коментирајте под пост на официјална Фејсбук фан страна на тим или на НБА лигата, а коментарот треба да содржи “#NBABallot Pero Antic”

На Твитер:

Твитнете “#NBABallot Pero Antic”

Инстаграм:

Објавете слика на Инстаграм со коментар кој содржи “#NBABallot Pero Antic”

Можете да гласате секој ден за 10 различни кошаркари. Гласањето трае до 21 јануари 2014.

- Реклама -