„Инфлуенсери“ – прва самостојна изложба на Снежана Шумковска

На 15 август (понеделник), во Младинскиот културен центар – МКЦ, со почеток во 20.00 часот, ќе биде отворена изложбата насловена „Инфлуенсери“ на Снежана Шумковска.

Снежана Шумковска e родена во 1980 год. во Скопје, каде завршува средно уметничко училиште и дипломира на Факултетот за ликовни уметности, отсек педагошки, насока сликарство. Ликовниот аудиториум со своите дела и препознатлива колористичка експресија ги запознава преку многуте групни презентации во државата и странство.

Изложбата насловена како “Инфлуенсери” е првата самостојна изложба на Шумковска и е концепирана од 18 слики на платно изработени во комбинирана техника.

Инфлуенсерството како социјален факт во последниве години е иницијален тригер уметникот своето доживување од овој феномен да го пренесе на платно… ова доживување е доловено во различни содржини кои ги нуди гигантската електронска џунгла преку интензивен колорит и доминација на цртеж. Човекот зазема централно место во составот во кој симболите се појавуваат насекаде со цел да предизвикаат универзални чуства и аспирации. Делата се со доза на реализам, но и со доза на геометриска и лирска апстракција, карактеристична употреба на текстури, на композиции, чуство на рамнотежа и хармонија, но и спонтаност како клучен фактор.

- Реклама -