Раководството на Infiniti објави дека се откажува од идното користење на V8 мотори. Сегашните такви агрегати ќе станат последните кои се користат во историјата на марката. Причината за одлуката се секако сè построгите барања за помала потрошувачка на гориво и штетните издувни гасови.
Во иднина Infiniti ќе вградува само V6 мотори. Шефот на компанијата Јохан де Нисшен призна дека компанијата веќе не може да си дозволи да продава модели со V8 агрегати, дури на пазарите каде побарувачката на големи и моќни автомобили е мошне сериозна.
Според него автомобилите со слични агрегати наскоро ќе останат во минатото, бидејќи за иднина високите динамички карактеристики ќе се постигнуваат благодарение на намалување на тежината на возилата, а не со зголемување на моќноста на нивните мотори.
Во моментот V8 мотори Infiniti нуди за три свои модели, кросоверот FX50, теренецот QX56 и седан М56.
Објавено во соработка со Авто Плус.