Инфекција која настанува од премногу секс

Верувале или не, во медицината постои дијагноза која во лекарскиот жаргон е позната под името „болест: меден месец“. Всушност, во прашање е циститис, до кој доаѓа поради претерување со водењето љубов.

Без разлика на тоа колку чудно може да звучи, премногу секс може негативно да се одрази на женското здравје. Долготрајното или премногу честото водење љубов може да предизвика инфекција на уринарниот тракт. Иако има романтично име, сепак, оваа инфекција е навистина болна и непријатна.

seks

Симптоми

Симптомите најчесто се појавуваат во рок од еден или два дена, а ги каркатеризира болка при мокрењето, зачестено мокрење, промена на бојата на урината и болки во подрачјето над матката. Доколку не се лекува може да се предизвика и инфекција на мочните патишта и бубрезите. Оваа инфекција почесто се појавува кај жените кои никогаш не раѓале.

Лек?

Штом ги забележите првите симптоми, обратете се кај вашиот доктор. Тој по потреба ќе ви ги препише лековите потребни за инфекцијата.

Исто така, пожелно е да го зголемите внесувањето на вода и сок или чај од брусница во организмот, а со самото тоа ќе помогнете при чистењето на бактериите од уринарниот тракт. Се додека не ја излечите инфекцијата не практикувајте секс.

- Реклама -