Индонезија ќе забранува вонбрачен секс?

Индонезискиот парламент размислува за измени во законот кој е усвоен уште во колонијални времиња, а во кој е вклучена и забрана за вонбрачни и истополови сексуални односи. Досега овие не беа нормативно регулирани.

Неверството и претходно беше забрането, но сега полето на забраната се проширува.

„Вистина е дека мнозинските верски групи во Индонезија (доминантно муслиманска земја) имаат исти вредности, така што ревизијата е глас на мнозинството и сите култури во Индонезија“, вели Еуис Сунарти – член на христијанската алијанса која ги поддржува измените на законот.

Во тек е јавна расправа, но се чини дека повеќето странки ги поддржуваат новите прописи, посебно оние со кои се забрануваат хомосексуални односи…

- Реклама -