Индиското оревче е богато со витамини, цинк, калиум, натриум, јод, железо и фосфор и ја подобрува концентрацијата.
Се препорачува при ментални проблеми или едноставно при напон на умот. Многу од студентите конзумираaт индиско оревче, за да им се подобрат менталните способности. Се препорачува и кај луѓето кои седат подолго време пред компјутер.
Тој исто така има антимикробно, антисептично и антивоспалително дејство. Помага при кашлица и грип, и ги прочистува цревата, а делува и за зголемување на возбудата, како афродизијак. Од листовите и кората на дрвото на индискиот орев се прави чај против дијареја, воспаление на екстремитетите и проблеми со кожата.
Сепак треба да бидете внимателни , бидејќи експертите предупредуваат дека големата количина може да предизвика алергија.