Индијката остана без олимписки медал поради 100 грама повеќе на мерењето


Јапонецот Нао Кусака и Иранецот Мохамадхади Сарави се новите олимписки победници во грчко-римско борење во категориите до 77 и до 97 килограми, но најнеобичната приказна е онаа од женското борење каде во категоријата до 50 килограми Индијката Винеш Винеш остана без медал бидејќи имаше 100 грама повеќе на вагата.

Дваесет идеветгодишната индиска борачка стигна до финалето победувајќи три ривалки, но пред финалето имаше 100 грама повеќе. Се обидоа во нејзиниот табор да ја доведат под 50 килограми, па и ја скратија косата, ѝ го скратија дресот, сепак, се беше попусто, бидејќи Винеш беше дисквалификувана.

Наместо неа, во финалето се појави Кубанката Јуснејлис Гузман Лопез, која беше поразена од Американката Сара Ен Хилдебрант и по бронзениот медал во Токио стана олимписка шампионка. Бронзени медали во оваа категорија освоија Јапонецот Јуи Сусаки и Кинеската Фенг Зики.

Јапонецот Нао Кусака е новиот олимписки победник во грчко-римски стил во категоријата до 77 килограми, а во финалето го победи Демеу Жадрајев од Казахстан. Ерменецот Малхас Амојан и Киргистанецот Акзол Махмудов освоија бронзени медали.

Иранецот Мохамадхади Сарави пред три години освои бронза во категоријата до 97 килограми, а во Париз ја позлати кариерата победувајќи го во финалето Ерменецот Артур Алексанјан, кој го освои четвртиот олимписки медал. Тој беше победник во Рио де Жанеиро во 2016 година, освои сребро во Токио во 2021 година и бронза во Лондон во 2012 година.

Кубанецот Габриел Алехандро Росило Кинделан и Киргистанецот Узур Џузупбеков освоија бронзени медали.

- Реклама -