Едвард С. Куртис е познат американски етнолог и фотограф на Американскиот Запад и Домородните Американци (Индијанците). За време на неговиот живот има фотографирано огромен број фотографии од американската дивина, создавајќи досие што многу зборува за овој посебно интересен дел од американската историја.
Почнувајќи во 1906, Куртис ќе помине повеќе од две декади патувајќи низ Северна Америка, следејќи ги чекорите на преку 80 индијански племиња, во обид да ги документира домордните населенија и нивниот начин на живот.