Индијански мудрости и правила на животот

Не се потребни многу зборови, за да ја кажеш вистината.

Што е животот? Тоа e светлината на светулката во ноќта. Тоа е здивот на бизонот во зима. Тоа е сенката, лежењето во тревата и залезот на сонцето.

Сè на земјата има своја цел, секоја болест – лек кој ќе ја излекува, а секој човек – намена.

Во душата нема да постои виножито, ако во очите немало солзи …

Не секогаш непријателот е непријател, а пријателот – пријател.

Постави прашање од срце и ќе чуеш одговор од срце.

Сакај ја земјата. Таа не ти е наследство од твоите родители, таа е твојот долг кон твоите деца. Кога ќе биде пресечено последното дрво, кога ќе биде отруена последната река, кога ќе биде фатена последната птица – дури тогаш ќе сфатиш дека парите не стигнуваат за јадење.

1024px-Albert_Bierstadt_-_Indians_Spear_Fishing_-_Google_Art_Project

Дури и тишината може да биде дел од молитва.

Знаењето е скриено во секој предмет. Некогаш светот бил библиотека.

Кога ќе видиш дека змијата се подготвува за удар – удри ја прв.

Оној кој легнува со кучиња, станува со болви.

Едно „земи“ е подобро од две „ќе дадам“.

Не оди по мене – јас може да не те водам. Не оди пред мене – јас може да не те следам. Оди заедно до мене и ние ќе бидеме една целина …

Очите на човек можат да кажат многу повеќе од неговиот јазик.

FloweringHeartInTheHouseOfSong-BySharonIrla0460-72

Кога Големиот Дух дава нов ден, тој им го праќа на сите.

Дури и малиот глушец има право на бес.

Добриот човек гледа добри знаци.

Она што не треба да го кажуваш со зборови, можеш да кажеш и со очи.

Татковината е таму каде што ти е добро.

Јас страдам, кога се сеќавам колку многу убави зборови се изречени и колку многу ветувања се неисполнети. Во овој свет премногу зборуваат оние кои воопшто немаат право да зборуваат.

Не му суди на човекот, ако не си поминал барем две месечини во неговите обувки.

- Реклама -