Огорчена маса од околу 1.000 луѓе упаднала во полициската станица во Гувахати, Индија, ги извлекла двајцата осомничени за силување и убиство на петгодишно девојче, и потоа ги линчувала.
Според изјавата на еден полицаец за AP, 15 полицајци биле повредени при упадот во полициската станица. Тој истакнува дека огорчената толпа првично барала од полицијата да им ги предаде уапсените, меѓутоа, откако полицијата одбила, толпата ја земала правдата во свои раце.
Случаите на силовање на девојки, ама и мали деца, во Индија е честа појава. Во последниве години имаше неколку изразито брутални случаи на силување на бебиња и мали девојчиња кои ја потресоа јавноста. Голем дел од злосторствата се случуваат во главниот град Њу Делхи.
По овие прашања во Индија беа одржани над десетина протести на кои се бараше да се преземе нешто конкретно за да се заштитат идните потенцијални жртви. Истото го апелираа и купови здрушенија, меѓународни организации и слично. Но за жал, досега официјалните власти не направија ништо посебно во таа насока, а силувањата продолжуваат со истото темпо. Којзнае, можеби овој настан ќе влее малку страв во коските на злосторниците.