Имунитетска бомба: Едноставен домашен лек против настинки

Неприродно високите температури за ова доба од годината, освен што се пропратени со главоболки и чувство на поспаност и умор, со себе донесоа бројни вируси, воспалени синуси, кашлица и целосен пад на имунитетот.

Доколку сакате на природен начин да го зајакнете вашето тело и да ги победите настинките, пригответе си го овој едноставен, ефикасен и навистина вкусен рецепт.

Состојки:

-6 лимони
-1 поголема главица лук
-2 лажички ѓумбир во прав
-2 лажици мед
-3 чаши сок од ананас
-¼ лажиче чили во прав

Подготовка:

1. Добро исцедете ги сите шест лимони и ставете ги во блендер

2. Додадете ги сите останати состојки и добро измешајте се додека не добиете хомогена смеса.

3. Истурете ја содржината во стаклено шише и ставете ја во фрижидер.

4. Четири пати во денот пијте по една чаша од овој напиток, се додека симптомите од вирусот целосно не изчезнат.

img_2342-3

- Реклама -