На брегот на Ганг живеат милиони луѓе, од кои најголемиот дел работат на спротивната страна од реката.
Системот од 18 мостови е од огромна важност за нормално одвивање на секојдневниот живот, а е направен токму од луѓето што живеат покрај коритото на Ганг.
Наместо столбови се искористени празни метални буриња, а 1537-те пловни платформи се поврзани со јажиња. Секоја од нив има носивост до 10 тона, иако заради безбедноста се препорачува да не надмине 5 тона. На секоја платформа работеле по 20 луѓе.
Повеќе од милион Индијци дневно ја преминуваат реката, а за време на „шпицот“, сообраќајот е еднонасочен и речиси и да не може да се види по што всушност одат луѓето. За да преминете на другата страна, потребни се 10-тина минути пеш.
Во 2012-тата, еден од мостовите пукна, а голем број луѓе завршија во реката. Инцидентот заврши со 18 жртви.