Импресивни податоци за Facebook

facebook-logoДали знаете колкава е бројката на корисници на Facebook во моментов или која е најбрзо растечка демографска популација која отвора профил на оваа социјална мрежа? Колку вреди самата социјална мрежа и како заработува? Иако ни се чини дека за Facebook веќе се сме прочитале, сè уште постојат некои факти кои се помалку познати. Веб страницата Mashable издвои некои интересни факти за оваа социјална мрежа.


FACEBOOK21Дали знаете колкава е бројката на корисници на Facebook во моментов или која е најбрзо растечка демографска популација која отвора профил на оваа социјална мрежа? Колку вреди самата социјална мрежа и како заработува? Иако ни се чини дека за Facebook веќе се сме прочитале, сè уште постојат некои факти кои се помалку познати. Веб страницата Mashable издвои некои интересни факти за оваа социјална мрежа.

На самиот почеток Facebook за малку ќе беше судски забранет бидејќи сопственикот на мрежата ConnectU го обвини Марк Зукерберг дека му ја украл идејата за социјалната мрежа и самата технологија. Спорот на крајот беше решен со вонсудски договор. Точниот износ на оштетата не е познат, но веројатно се работи за неколку милиони долари.

Околу 400 милиони луѓе се логираат најмалку еднаш месечно на својот профил на Facebook, а 50% од корисниците го прават тоа секој ден. Facebook го освои цел свет – повеќе од 70% од корисниците живеат надвор од САД, а страницата е достапна на 70 различни јазици.

Во 2005 година Yahoo му понуди на Зукенберг милијарда долари за Facebook, кои тој ладнокрвно ги одби. Во 2009 вредноста на страницата порасна на 4 милијарди долари, а денес се проценува дека таа е двојно поголема.

Најпопуларни страници на Facebook со најмногу следбеници се, по редослед: страницата на Мајкл Џексон, Хомер Симпсон, страницата на Facebook, Барак Обама, Старбакс и Самрак сага.

Корисниците на Facebook поминуваат 8,3 милијарди часови месечно, а просечниот корисник има 130 пријатели. Страницата се наоѓа на 10.000 сервери за кои е потребно 100 милиони долари за одржување. Американките на возраст на 55 години се најбрзо растечка демографска популација која отвора профил на Facebook. Facebook стана толку важен во нашите животи што психолозите именуваа нова болест: Зависност од Facebook.

Страницата заработува преку огласите и продажба на виртуелни предмети. Огласувачите ги користат информациите од профилите на корисниците за полесно да им се обратат на одредени целни групи. Поими кои во 2009 најмногу се појавуваа во статусите на Facebook: 1. Апликации 2. FML 3. Свински грип 12. Лејди Гага 14. Религија.
[Facebook: Facts You Probably Didn’t Know [INFOGRAPHIC]]

- Реклама -