Импресивни и мирни манифестации за време на протести

Овие фотографии на луѓе кои за миг прават мировен гест или му помагаат на некој друг, не потсетуваат дека дури и за време на насилство и политички конфликт, нашата способност за сочувство и разбирање секогаш може да се манифестира.

Без разлика каква е вашата гледна точка за дадено политичко прашање, секогаш е тажно, кога група на луѓе се принудуваат да прибегнат до протести и немири, за да ги натераат другите да ги слушнат.

Покрај насилството сепак, луѓето често се одлучуваат да си помогнат еден на друг, докажувајќи  дека дури и во најлошите ситуации можат да излезат на виделина нашите најдобри карактеристики.

Мало момче му дава балон со форма на срце на полицаец во Букурешт, Романија. 2012


Слики: ioanamoldovan.com

Православен свештеник се обидува да спречи судири меѓу демонстрантите и полицијата во Киев, Украина. 2014 година


Слика: Сергеј Супински

Студент демонстрант против реформите во образовниот систем, гушка полицаец во Богота, Колумбија. 2011 година


Фото: Вилијам Фернандо Мартинез

Полицаец и демонстрантка плачат заедно за време на протестите во Софија. 2013 година


Фото: Тодор Мусев

Полицијата и помага на жена погодена од солзавец. Анкара, Турција. 2013 година


Фото: Умит Белктас

Христијани штитат муслимани кои се молат за време на револуцијата во Каиро, Египет.2011 година


Фото: Невил Заки

Студентка, која протестира против реформите во образовниот систем, тргнува да бакне полицајка во Богота, Колумбија. 2011 година


Фото: nbcnews.com

Демонстранти  во Турција помагаат на куче, погодено со солзавец за време на судирите со полицијата во Истанбул. 2013 година


Фото: huffingtonpost.com
Прочитајте и:  Реакција за претставата на Малковиќ и од бугарската дијаспора: Таа е навреда за бугарската меморија
- Реклама -