Имате мачка? Ова мора да го пробате

„Во античките времиња, мачките биле обожувани наместо богови; тие сеуште го немаат заборавено тоа“.

Секој што поминал барем 2 минути во присуство на мачка, знае дека овој цитат од Тери Прачет е непореклив. Мачките знаат да бидат слатки, мили, да ви седат во скутот или да ви се галат од нозете, но на крајот: тие го прават само она што го сакаат. Невозможно е да натерате мачка да седне, да се превртува или да се преправа дека е мртва (нешта што куче би ги направило со воодушевување). Хмм… Освен ако не и нацртате круг?!

Еден експеримент на reddit.com достигна вирални размери, бидејќи се чини дека сопствениците на мачки конечно најдоа начин да ги скротат своите миленици. Ако и вие сте еден од нив, веројатно ќе помислите „Ова нема шанси да работи на мојата мачка“, ама не се откажувајте пребрзо. На интернет мрежите беа објавени стотици фотографии што докажуваат дека обичен круг на подот направен од конец, леплива трака или банани (?), е доволен да направи вашата мачка да се чувствува задоволно додека седи во него, толку задоволна што одбива да го напушти.

Smells fishy: Many of the internet theories have been rubbished by pet psychologists who instead believe the animals may be checking out the circles as they possess an unfamiliar aroma

Што е тајната?

На кратко, научниците немаат појма. За такво нешто, ќе мораат да спроведат експеримент. Од друга страна, сопствениците на мачки имаат неколку теории…

Едната вели дека кругот делува како граница, што и дава на мачката чувство на сигурност и безбедност. Сепак, „експертите“ веднаш ја отфрлија бидејќи сметаат дека таквото објаснување не може да важи за една обична дводимензионална линија.

Други велат дека се работи за територијалост – мачките го сметаат обележаниот круг како нивно место и не сакаат да го препуштат на никој друг. И оваа теорија е на стаклени нозе, бидејќи добро знаеме дека мачките го сметаат целиот ваш дом за нивна територија.

Бихејвиористката Вики Халс, експерт по мачкино однесување, смета дека трикот лежи во огромната љубопитност на мачката.

 

Сеедно, кому му е важно зошто триков успева, се додека успева?

220 136 31 Mine: Some have suggested that cats' attraction to the circles could be to do with territory - but behaviour experts say cats already regard your whole home as their turf

Centre of attention: Another theory put forward by experts is that the animals are attracted to the circles because they see humans paying a lot of attention to it, and assume it is important

Enclosure: It is well known that cats like enclosed spaces - such as carrier bags and boxes - and some think that this desire is so strong it will even extend to sitting in circles on the floor

- Реклама -