Имате ли „јајца“ да бидете добар татко?

Неочекуван резултат од неочекувана студија: мажите со помали тестиси се подобри татковци, тврдат научниците.

Истражувачите на Универзитетот Ејмори се сметаат за првите што нашле корелација помеѓу големината на тестисите и татковството, според новата студија објавена во журналот „Proceedings of the National Academy of Sciences.

Веќе е востановено дека повеќе тестостерон води кон полоши татковци. Исто така, познато е дека машките шимпанза, кои не се грижат за своите млади, имаат поголеми тестиси, додека горилите што имаат помали тестиси, најчесто се прилично грижливи околу породот. Истото е најдено кај луѓето. Мажите со помали тестиси, почесто учествуваат во родителските задачи, како менување пелени, хранење, бањање и грижа за децата кога се болни.

shutterstock_64921090

За да дојдат до заклучоците, покрај мерењето на тестисите, научниците, користејќи скенер со магнетна резонанца, ја анализирале и мозочната активност на 70 мажи. На испитаниците им биле покажани фотографии од нивните деца. Кај мажите со помали тестиси, делот од мозокот задолжен за грижа и нежност покажал посилна активност.

Причината за постоењето на ваквата релација помеѓу димензиите на тестисите и татковството е сеуште предмет на дебата.

„Претпоставуваме дека големината влијае на инволвираноста како татко, но можеби тестисите се смалуваат како резултат на се поголемата грижливост како татко“, вели авторот на студијата – Џејмс Рилинг. Тој додава: „Знаеме дека околината може да ја смени биологијата. Нивото на тестостерон постепено се намалува кога мажите стануваат татковци.“

- Реклама -