„Имаше два вида Југословени… Психолошки профил на припадник на нацијата која не постои“

„Постоеја два вида на некогашните Југословени. Првите беа национално неопределени, често деца од мешани бракови, кои не сакаа да се определат меѓу мама и тато, така што го прифатија идентитетот на Југословени. Другите, вториот вид, успеаја да имаат двоен идентитет – да бидат Срби, Хрвати, Словенци, итн., но истовремено и Југословени. Иако овој двоен идентитет и ваквата двојна припадност беа најздравата варијанта, таквите ги имаше најмалку“, вели за српски „Недељник“ психотерапевтот Зоран Миливојевиќ.

Во текстот по повод некогашниот Ден на републиката, кој во Југославија се славеше на 29 ноември, Миливојевиќ пишува дека Југословенот – овој од првата група, е личност која баш и не пројавувала голем интерес за минатото и традицијата.

„Југословенот веруваше дека Југославија е добро втемелена и добро водена, беше прав патриот кој ја сакаше својата земја, нејзината различност. Југословенот често беше атеист, а исто така доаѓаше од мешан брак, така што југословенството му овозможуваше да не бира дали повеќе ја сака мама или тато. Гледаше на Запад и беше горд што не живее во земја на ‘тврд социјализам’, зад Железната завеса. Патуваше со својот пасош и на Запад и на Исток и беше горд што во сите земји луѓето знаеја за Тито и Црвена Ѕвезда. И кога заминуваше на работа во Германија, Југословенот ја сакаше својата земја и планираше да се врати за тука да ја проживее пензијата и да биде погребан“, вели Миливојевиќ.

Напишаното е извадок од текстот насловен „Постоеја два вида Југословени…: Психолошки профил на припадник на нацијата која не постои“ во денешниот број на пишаното издание на „Недељник“. Можете да го најдете и во дигитално издание, ТУКА (ама се плаќа).

 

- Реклама -