Чудесниот талент и ѕвезда, Сузан Бојл со олеснување кажува за пронаоѓањето на причината зошто таа толку се бори и неможе да се снајде со славата. Пејачката предходно има соопштено дека страдала од „тешкотии со учењето“ како дете. Нејзината состојба била погрешно дијагностицирана како „оштетување на мозокот“. Таа открива дека била сурово нарекувана „простата Сузан“ на училиште. А сега, откога е дијагностицирана правилно, 52-годишната неверојатна пејачка е „порелаксирана“ со себеси.
Откако Сузан Бојл беше „катапултирана“ во очите на јавноста на Велика Британија, обожавателите гледаа како таа тешко се спавуваше и бореше со ново-стекнатата слава, која растеше со голема брзина. Вчера, мулти-милионерската пејачка за прв пат отоврено зборуваше за нејзините тешкотии- открива дека и е дијагностициран Аспергеров синдром. Таа кажува дека се чуствува „олеснето“ дека конечно ја разбира причината за нејзината состојба, која до сега била неоткриена.
52- годишната пејачка отсекогаш мислела дека „тешкотиите во учењето“ и „спороста“ која ги искусувала биле како последица од компликации од раѓањето. Но, пред една година, госпоѓа Бојл посетила шкотски специјалист кој подоцна ја дијагностицирал со Аспергеров синдром- форма на аутизам, кој во главно ги погодува способностите за социјална интеракција и комуникациските вештини.
Таа во магазинот Observer изјавила: „Отсекогаш знаев дека е тоа е нефер етикета. Сега имам појасно разбирање на она што не е во ред и се чуствувам олеснето и малку порелаксирано во врска со мене“.