Зимбабве и не е некоја особено богата држава и младите немаат со што да се истакнат на Инстаграм, освен, нели, ако не се дел од семејството Мугабе.
Синот на поранешниот претседател Роберт Мугабе, кој го носи истото име, се истакнува со ролекси, Ролс Ројс, обувки изработени од крокодилска и алигаторска кожа, приватни авиони и модни додатоци вредни меѓу 14.000 и 60.000 долари.
Женските членови на фамилијата Мугабе во Хараре се познати уште како „Кардашијан од Зимбабве“. Ова семејство може уште да се пофали и со свадбени порции од по 1.000 долари, а скапите автомобили не ги возат низ Зимбабве, затоа што, како што самите изјавиле, улиците можат да им ги уништат.
А да, меѓу другото, поседуваат и Бетмобил.
Покрај фамилијата Мугабе, има уште само неколку семејства во Зимбабве кои живеат со вакви привилегии, додека остатокот од нивните сонародници се гушат во сиромаштија.
Очигледно политичката криза и симнувањето на Мугабе од власт не им пречеше на неговите роднини да продолжат да се перчат по социјалните мрежи со богатството.
Како и да е, тие ќе си останат богати, а средните и сиромашните граѓани можат да се надеваат за подобро утре.