Замисли две декади да не можеш да одиш во веце и да се олесниш. Е тоа е судбината на 22-годишен Кинез, барем беше додека докторите во Шангај не му извадија 30 инчи од екстремно потеченото дебело црево.
Со тежина од 13 килограми, дебелото црево му било полно со фецес кој се акумулирал низ годините. На докторите им рекол дека живеел со констипација целиот свој живот, а дека лаксативите му помагале само минимално.
Доктор Јин Лу од болницата каде што бил опериран 22-годишникот, изјави дека абдоменот на пациентот изгледал како да е повеќе од 9 месеци труден. „Изгледаше како да ќе експлодира во секој момент“. На крајот на 3-часовната операција, заклучокот е дека поминала успешно и дека пациентот ќе се опорави.
Но, како всушност се добива дводецениски запек?
Болната блокада на анонимниот пациент била резултат од состојба позната како Хиршспрунгова (Hirschsprung) болест. Оваа состојба се карактеризира со бавно движење во цревото, а се јавува кога во цревата на болниот недостасуваат нервни клетки.
Дигестивниот тракт на човекот обично ја движи храната и отпадот од истата со помош на процес познат како перисталтика (peristalsis): неволни (автоматски) бранови од мускулни контракции кои ја буткаат содржината низ цревата. Но, кај лицата со Хиршспрунгова болест, перисталтиката запира кај делот од цревата каде нема нервни клетки. Бидејќи нема нервни клетки да им сигнализираат на мускулите да се движат, фецесот едноставно останува таму, предизвикувајќи неудобна констипација (запек), што може да доведе до таканаречен мегаколон (потечено дебело црево) и ентероколитис.
Родителите обично рано забележуваат симптоми на Хиршспрунгова болест кај нивните бебиња, обично кога новороденото бебе нема движење на цревата дури и 48 часа по раѓањето. Во случајот на 22-годишниот Кинез, неговите родители не знаеле дека таа состојба е сериозна, па (никогаш) не ја добил потребната медицинска помош.
Кога бил донесен во болница, бил многу слаб, истоштен. Одвај можел да зборува. Стомакот му бил толку потечен што кожата му била растегната до степен да сјае, а под неа било видливо сериозно запаление на вените.
Зошто лаксативите не работат?
И покрај честата употреба на лаксативи во текот на животот, мажот никогаш не успеал да стигне до значителен степен на олеснување.
Не помогнале бидејќи не се замислени да ја заменат природната перисталтика на цревата. Има повеќе класи/видови лаксативи, и секој на свој начин прави да… какаш. Сепак, генерално функционираат со тоа што повлекуваат повеќе вода од телото кон/во фецесот, за да ги стимулираат цревата да го движат побрзо. Дап, сепак се ослонуваат на работата на цревата. Имајќи го тоа во предвид, логично е минимално да му олеснат на пациентот со Хиршспрунгова болест, ама не и да дадат позначаен резултат.
Поуката е: кога гледате дека некој симптом се повторува, не претпоставувајте. Одете на доктор.