Британецот Роб Филдинг (43) имал ужасно искуство. Обидувајќи се да истера молец, случајно го втерал во своето уво, каде молецот останал заглавен цели 3 дена. Филдинг се надевал дека инсектот некако ќе излезе самиот, но по 72 часа зуење, веќе не можел да издржи, па побарал лекарска помош.
„Сакав да избегам од кожата!“ – вака несреќниот Британец го опишува неподносливото чувство да имаш нешто живо во увото.
Болничкиот персонал бил шокиран. Кога му го прегледале увото, ја забележале ногата на молецот како штрчи од увото, а за сето време, молецот претал во обид да излезе.
Филдинг бил итно упатен кај специјалист за уво, грло и нос, каде што морал да подлежи на хируршки зафат во времетраење од 90 минути!
„Беше неописливо болно, бидејќи молецот стигнал речиси до ушното тапанче“, изјавил Роб, додека пред камерите го покажувал неговиот нов љубимец, кој го задржал како спомен на, како што ја смета Роб, смешната ситуација.