Џош Сандкуист е двоен параолимпиец, мотивациски оратор, успешен писател, и пред се, лице што се излечило од карцином. И покрај тоа што животот не бил премногу дарежлив со него, тој не се има откажано од неговата смисла за хумор, па секоја година ги прави најуникатните и креативни костими за Ноќ на вештерките.
Се започнало кога тој имал само 9 години, и му била дијагностицирана ретка форма на рак на коските, а шансите за тој да преживее биле помали од 50 проценти. После една година помината со хемотерапија и разни третмани, неговата нога била ампутирана.
На 13-годишна возраст докторите му соопштиле дека тој е излекуван, па три години подоцна, тој започнал да зема часови по скијање. После шест години редовно тренирање, Џош во 2006-та година се придружил на Американскиот параолимписки скијачки тим, кој се натпреварувал во Торино, Италија.
Како инспирација за сите вас, погледнете ги и неговите костуми за Ноќта на вештерките.
Кога животот ти подава лимони, направи си најдобар костим за Ноќ на вештерките.