Можеби личи на згодна девојка што се разладува во летните горештини, но не е. Она што го гледате е интерактивна слика, дело на Густаво Силва Нунез. Неговата омилена област е хипер-реализмот и е специјалист во создавање на глетки во кои навидум има луѓе што пливаат во вода.
Неговиот мотив е да предизвика интерактивен однос меѓу вистинските луѓе и луѓето на сликите. Резултатот е високо-реалистична уметност што одвај можете да ја разликувате од стварноста.