Јас сум дел од изгубената генерација
и одбивам да верувам дека
јас можам да го променам овој свет.
Разбирам дека ова ќе ве шокира, но
„Среќата се наоѓа внатре во вас“
– Ова е всушност лага.
„Парите ќе ме направат среќен“
и на 30 години ќе му кажам на мојот син дека
тој не е најважното нешто во мојот живот.
Шефот ќе знае дека
моите принципи се:
работата
е нешто што е поважно од
семејството.
Слушнете:
Уште од дамнешни времиња
луѓето живеат во семејства,
но сега …
општеството никогаш нема да биде онакво какво што било порано.
Експертите ми велат дека
по 30 години ќе празнувам десет години од разводот.
Јас не верувам дека
ќе живеам во земја која што сам ќе ја создадам
во иднина.
Уништувањето на природата ќе биде правило.
Никој не верува дека
ние ќе ја зачуваме нашата прекрасна планета
и, се разбира,
мојата генерација е веќе загубена и апатична.
Глупаво е да се верува дека
Има надеж.
А сега прочитајте ја оваа песна одоздола па нагоре, започнувајќи од „Има надеж. Глупаво е да се верува дека…“
Овој своевиден бел стих се чита во двете насоки како симбол на два спротивни можни заговори за развој на човештвото.
И за да не се исполни пророштвото на првата опција треба да се изгради обратен пат со сосема различни вредности.
Џонатан Рид / „Изгубена генерација“ или „Има надеж“.