Има голема веројатност за вооружени провокации од Украина кон Белорусија, тврди белорускиот министер за одбрана

Министерот за одбрана на Белорусија, Виктор Хренин денеска изјави дека постои голема веројатност за вооружени провокации од Украина.

На состанокот за воено безбедносни прашања, на кој присуствуваа претседателот на Белорусија Александар Лукашенко и највисоките воени и безбедносни функционери, Хренин рече дека украинската страна врши континуирано извидување со беспилотни летала, заедно со обиди за нарушување на белорускиот воздушен простор, пренесуваат белоруските медиуми.

-Со оглед на присуството на украински вооружени формации во пограничните области, останува голема веројатност за подготовка и извршување на вооружени провокации на нашата територија, рече Хренин.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, на средбата изјави дека Белорусија има се што е потребно за да ги одбие можните, како што наведе, „валканите трикови против неа“.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

-Министерот, државниот секретар и претседателот на Комитетот за државна безбедност ме известуваат дека сме целосно подготвени да се спротивставиме на заканите кои постојат против Белорусија, посочи Лукашенко.

- Реклама -