ОН им забрани на вработените да ги користат зборовите „војна“ и „инвазија“ за ситуацијата во Украина

Њујорк, 8 март 2022 (МИА) – Обединети нации денеска им забранија на своите вработени да ги употребуваат зборовите „војна“ и „инвазија“ за ситуацијата во Украина.

ОН предлагаат да се користат зборовите „судир“ и „воена офанзива“.

На вработените во ОН исто така им се забранува приватно и службено да го употребуваат украинското знаме на социјалните мрежи.

Според ОН причина за забраната е тоа што организацијата сака да ја задржи неутралноста.

Ова е важен потсетник дека ние, како меѓународни претставници, имаме обврска да останеме неутрални“, се наведува во електронската порака испратена до вработените на ОН.

Прочитајте и:  Мицкоски: Очекуваме час поскоро да се стави крај на оваа руска агресија и да можеме нормално да функционираме и да се развиваме
- Реклама -