Илон Маск го повика Путин на борба, влогот е Украина

Сопственикот на СпејсЕкс и Тесла – Илон Маск, го повика рускиот претседатеl Владимир Путин на физички дуел.

„Со ова го предизвикувам Владиир Путин на борба“, напиша Маск на Твитер, посочувајќи дека „влогот е Украина“, односно, ако Путин биде поразен од Маск, да ги повлече руските сили од Украина.

Твитот брзо доби критики и беше оценет како несмасен и како исмејување и злоупотреба на несреќата на Украина за да привлече вниманиа, но Маск тврди дека е сериозен. Два часа по првиот твит, тој го „тагна“ директно Кремљ, прашувајќи дали го прифаќаат предизвикот:

„Дали се согласувата на борба?“, напиша Маск на руски јазик.

И додека борбата, ако ја прифати Путин, ќе значи директна или барем обид за конкретна помош за Украина, Маск веќе конкретно допринесе во одбраната на Украина со тоа што веќе испрати комуникациски уреди за украинските сили за неговите сателити од системот Starlink, воспоставувајќи сателитски интернет во Украина во обид да ја спречи Русија комуникациски да ја отсече земјата.

Прочитајте и:  Во Балтичко Море оштетен и подводниот телекомуникациски кабел што ги поврзува Шведска со Литванија

Во 2012 година Путин доби 8ми дан (црн појас) во џудо, со што стана дел од кратката листа на џудо борци во светот со такво достигнување. Со почетокот на инвазијата на Украина, Меѓународната џудо федерација (IJF) го суспендираше од позицијата нејзин почесен претседател.

- Реклама -