Илон Маск го надмина сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари

Нето богатство на американскиот милијардер Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари, поттикнато од континуираните добивки во акциите на Tesla и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.

Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го катапултираше во политиката.
Американската новинска агенција додаде дека акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на Блумберг.
Tesla, SpaceX, Neuralink, X
Голем дел од богатството на Маск доаѓа од неговите 13% акции во Tesla, во вредност од 145 милијарди долари. Тој, исто така, има дополнителен бонус од 9% сопственост во компанијата, што во моментов е предмет на жалба пред судот во Делавер (Форбс го вреднува овој бонус со 50% попуст).
Друг клучен извор на богатството на Маск е неговиот удел од 42% во SpaceX, кој беше проценет на 210 милијарди долари во јунскиот откуп на акции. Тоа го прави уделот на Маск во оваа приватна аеронаутичка и сателитска компанија вреден 88 милијарди долари. Маск поседува и помали удели во други компании, вклучително и Neuralink (компанија за импланти на мозочни чипови) и X (социјалната мрежа порано позната како Twitter).
Богатството на Маск може да добие дополнителни 18 милијарди долари бидејќи се очекува SpaceX да започне нова рунда на откуп на акции следниот месец. Тоа би ја вреднувало компанијата на повеќе од 250 милијарди долари, според извештаите на повеќе медиуми.

Извор