Илма го напушти X factor бидејќи била премногу мала

Вчера се одржа предфиналната емисија во живо на X factor, каде испадна последниот натпреварувач кој нема да има можност да биде дел од златната финална петорка.

За огромно жалење на многумина, X Factor го напушти талентираната Илма Карахмет.

Oткако таа остана на двобој со Маид Хачимовиќ одлуката падна во рацете на жири комисијата кои ја испратија Илма дома затоа што била премногу мала.

Имено Жељко го даде гласот за својот ученик Маид, Кики за својата Илма, па одлуката ја донесе женскиот дел од жири -комисијата.

Додека Кристина изјави дека нема емоција, Емина кажа дека е премногу мала има време да се докажува, а на Маид ова му е единствената животна шанса.

По бројните коментари на страната на X factor, дека не беше фер да испадне најталентираниот натпреварувач поради годините и огромните негодувања по социјалните мрежи се огласија двете менторки со коментари на своите профили.

Погледнете што изјавија тие, по својата одлука.

„За сите заинтересирани и оштетени : Целосно стојам зад својата одлука да ја испратам Илма дома. Неоспорно таа е огромен талент, технички перфектна, има ужасно моќен глас. Но јас уште од првиот лајв не чувствувам никаква емоција кога таа пее. Ништо. Рационално восхитување на неверојатен виртуозитет – да. Емоција – ништо.
Можеби вие ја чувствувате, можеби илјадници луѓе ја чувствуваат, но ЈАС не ја чувствувам.А јас гласам на основа на тоа што ЈАС мислам и чувствувам или не чувствувам.
Мене не ми е доволен виртуозитет. Јас повеќе би сакала Илма да пее полошо отколку што пее, но да има длабочина на емоцијата, тродимензионалност.
Јас секако не ја пратив дома затоа што на Маид му е „последен воз“. Тоа со МОЈАТА одлука нема никаква врска и ве молам во своето беснеење на мене да беснеете со вистинска причина, а не со погрешна.
Публиката ја изгласа Илма за во дует. Значи голем дел од одговорноста за испаѓањето на Илма е на вас“. – Кристина Ковач

Kristina

 

 

Илма е премногу талентирано дете, но нејзиното време туку што доаѓа. Уште е премлада за  да профитира од својот талент. Тешко е тоа… Х фактор од следната година треба повеќе да внимава за годините на натпреварувачите, 17 години, па нагоре. И сите среќни. Вака тешко. Добра ноќ свирачи. Баш ме измори оваа вечер. Убаво спијте.

emina

Навистина мора да се признае дека не е во ред што нејзините години беа пресудни за нејзината елиминација. Точно таа е се уште дете, но важеше за еден од најголемите фаворити, а дека е тоа така се доказ милионските посети од нејзината прва аудиција на Фејсбук.

Факт е дека во финалето има неколку пејачи кои имаат далеку послаби музички предиспозиции да станат ѕвезди од неа. Но, што е тука е.

Нема да ја заборавиме нејзината изведба на „ Као птица на мом длану“, а Илма треба да знае дека оваа неправда значи дека се уште не и се пресечени крилјата, само е ранета и допрва ќе летне.

Во продолжение да се потсетиме на нејзината прва аудиција…

Како и на нејзината последна песна за спас.

- Реклама -