Илјадници ајкули на брегот на Флорида (Видео)

Десетина илјади ајкули се забележани долж брегот на Јужна Флорида, поради што се затворени плажите во секоја област.

Ајкулите се упатиле на север, одкако зимата ја поминаа на југот. Спасувачите тврдат дека никогаш не виделе толку голем број на ајкули.

„Доаѓаат до самиот брег, речиси се во песокот“, рекол Крег Полок од Мидтаун плажата.

Др. Стивен Кајура, професор по биологија на Атлантик универзитетот во Флорида, вели дека преброиле повеќе од 15.000 ајкули на помалку од 200 метри од брегот.

Сепак, тој тврди дека ајкулите не ги напаѓаат луѓето, туку помалите риби, освен кога се наоѓаат во матни води. Меѓутоа, Флорида е позната по прозирната вода така што ајкулите можат јасно да разликуваат плен од човек.

Во изминатите 130 години, од 1882 до 2012 година, на Флорида се имаат случено 663 напади од ајкули, од кои 11 резултирале со смрт. Од 1670 година во САД се случиле 1022 напади со вкупно 36 загинати како резултат на нападите. Најмногу напади на ајкули се случиле во јули, август, септември и октомври.

- Реклама -