Креветите во продавниците за мебел изгледаат толку пријатно и удобно што многу изморени клиенти од шопинг сакаат да легнат и да поспијат час-два.
Повеќето луѓе се воздржуваат, но не и Кинезите. Во продавниците на ИКЕА речиси во секое време сите кревети се зафатени од луѓе кои легнале да си починат, а некои луѓе дури и си легнуваат заедно со своите деца.
На почетокот ИКЕА немаше ништо против, со тоа што нивниот портпарол дури и изјави дека компанијата се радува што луѓето се чувствуваат како „дома“ во продавницата. Работите сепак излегле од контрола. Една слика на Getty Images покажува како кинескиња му помага на детето да уринира во пластично шише во салонот.
Вработените на продавницата по целиот ден ја чистат кујната, каде што Кинезите седнуваат по масите да јадат закуски, и често ги менуваат чаршафите на креветите. Тие практично се чувствуваат како негуватели во хотел.
Портпаролот на IKEA Џозефин Торе ја смени политиката. Спиењето на леглата во продавницата во Пекинг веќе е забрането. Сега останува уште Кинезите да започнат да ја почитуваат забраната.
Прочитај повеќе: ИКЕА ќе добие пет ѕвезди: Човек живеел во продавницата, незабележан