Како да престанете да икате

Икањето во принцип не е опасно, а е предизвикано од контракциите (грчењето) на дијафрагмата односно надразнувањето на нервот познат како nervus phrenicus.

Икањето може да се јави како реакција од брзо јадење и голтање на воздух, консумирање ладен пијалак или лута храна, а често се јавува и како последица на стрес и возбуда.

Икањето се манифестира така што грчењето на дијафрагмата доведува до ширење на белите дробови, додека делот од грлото во кое се наоѓаат гласните жици (glotis) се затвора со голема брзина. Тоа доведува до прекин на дотокот на воздух и испуштање на познатиот звук којшто иритира.

Икањето не е опасно, но ако трае неколку часови или дури и денови неопходно е да се обратите на лекар. Секако, пред тоа можете да испробате некои од добрите традиционални методи и самите да го прекинете.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Многу помага ако не му давате внимание на икањето, а тоа може да се постигне на тој начин што ќе се обидете да се сетите што сте јаделе завчера или да ги наброите имињата на седумте луѓе кои што ги знаете што немаат коса.

Познат метод е некој да ве исплаши, а помага и консумирање лажичка шеќер односно вода. Можете да се обидете со забрзано дишење на уста или нос. Ако сте во друштво со саканата личност, најефикасниот начин за запирање на икањето секако е бакнувањето!

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -