ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум, од партијата најавуваат широки консултации

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница едногласно и во целост ја прифати инциијативата за референдум и народно изјаснување во однос на штетните делови кои опфаќаат целосна асимилација, промена на историјата и бугаризација, информираше вечерва генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ – Ѓорѓија Сајкоски, пред централниот партиски штаб.

Во перидот што следи, како што информира тој, партијата почнува процес на широка консултација со експертската и општествената јавност за природата, карактерот и формулацијата на референдумското изјаснување чија крајна цел, како што кажа, е „народно спротивставување на идентитетско обезличување“.

Сајкоски посочи дека најпрво ќе направат широка консултација со општестевните чинители, па потоа ќе го водат процесот.

„На површина излегоа сите лаги на Владата. Ветија и излажаа дека преговорите започнуваат веднаш, а преговорите започнаа само за Албанија“, рече Сајкоски за преговарачката рамка и спорот со Бугарија, додавајќи дека сѐ уште останува ветувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека се против уставни промени.

Прочитајте и:  Петрушевски: Љупчо Дон Николовски потрошил 976.199 денари на кафеани и ресторани како министер за земјоделие
- Реклама -