Игрите што променија сè!

Индустријата на видео игрите се менува постојано.

Има свои подеми и падови, но независно од тоа, со промената доаѓа иноваторството.

Одредени игри поставија стандарди  кои останатите се обидуваат да ги преминат. Тоа се игрите кои ќе бидaт запаметени долго и во чија што реализација се создале  најдобрите идеи. Во неопределен редослед, ќе погледнеме десет игри, кои што  фундаментално ја променија гејмерската индустријата.

Можеби не ви се омилени, но според многумина тоа се игрите кои што внесоа многу нови нешта и отворија нови перспективи кон она што следуваше после нив.

Duck Hunt

Со нинтендото за прв пат, играчите имаа бројни игри, од кои можеа да изберат на што ќе го потршат денот, месеците… Од Super Mario до Adventure Island и многу други кои ја обележаа таа епоха.  Но играта која промени сè, беше Duck Hunt.  Иако многу едноставна, нема кој не ја памети.

Игрите промениле сето

The Sims

The Sims им даде на играчите нешто што никогаш не го доживеале порано – целосна контрола над сè. Буквално сè. Тие можеа да ги контролираат ликовите кои ги создале и крстиле. Можеа да ја поместуваат мапата. Можеа да градат и да ги красат нивните виртуелни куќи. Можностите беа неограничени. Да не ги заборавиме и парите. Играчите можеа да плаќаат за безброј дополнувања, за да развијат дополнително виртуелните  светови. Тогаш, The Sims ја воведе можноста да играме со други луѓе онлајн.

Игрите промениле сето

World of Warcraft

Она што Blizzard успеаа да го направат, е еднакво  на пишувањето на „Господарот на прстените” од Толкин. Тие создадоа цел свет во рамките на сајбер просторот, полн со раси, божества, јазици и обичаи. Потоа им го проширија светот на гејмерите, толку посбен, простран и неограничен, што илјадници и илјадници го засакаа повеќе од реалниот.

Игрите промениле сето

Wii Sports

Пред Wii да го открие својот пат до домовите на луѓето во светот, движењето низ играта беше резервирано само за Аркадија. Wii сепак направија рецолуција со џојстиците за двајца, а  за некое време, успеаа да ни покажат некои забавни игри.

Игрите промениле сето

Metal Gear Solid

Кога Metal Gear Solid излезе за Sony PlayStation, немаше друга како неа. Понатаму се појавија многу нови во тој стил, но ниту една не можеше да се спореди со  играта и историјата на MGS. До ден-денешен, малку се игрите, кои што успеале да се мерат со атмосферата и доживувањето во неа.

Игрите промениле сето

Call of Duty 4: Modern Warfare

Call of Duty на  почетокот го разгледуваше речиси секој аспект од Втората светска војна и беше одлична. Кога FPS војната влезе во модерната ера и успеа да ја засени Rainbow Six, тоа беше одличен ден. Call of Duty 4: Modern Warfare веројатно е најдобрата FPS игра воопшто. Ако  не се согласувате, изгуглајте колку оваа игра  навистина ја промени  индустријата на игрите.

Games that changed everything

Portal

Portal ни даде многу важна лекција. Портал не научи дека FPS игрите можат да бидат целосно уживање  во жанрот. Таа ни покажа дека не сите мултиплеер игри се вртат околу убиствата. Дека можеме да си помагаме, за да ја завршиме мисијата. Но, најважно од се, ни даде GLaDOS. Гласот кој не следеше секој пат кога не успевавме во вистинскиот живот, исто како во играта.

Игрите промениле сето

Resident Evil

Тоа беше првата игра, која не запозна со хоророт. Нејзината појава го означи  почетокот на сосема нов жанр на игри, па дури послужи и како инспирација за бројни  филмови. Оваа игра  е комбинација на интересната приказна со апсолутно одличните страшни моменти, кои и до денес ги инспирираат младите програмери во жанрот. Resident Evil ги тестира нервите. Ни даде  малку муниција, малку живот, никаква контрола над камерата и нè натера да најдеме и мешаме билки, за да се лекуваме.

Игрите промениле сето

Super Mario 64

Nintendo64 со Супер Марио 64 промени сè. Го вклучивме новиот систем и ја ставивме  дискетата на SM64 во слотот. Тогаш се случи тоа; милиони луѓе ширум светот беа инстант воодушевени.

Игрите промениле сето

Halo: Combat Evolved

Навистина, пред Halo: Combat Evolved како кај сите FPS игри да недостигаше некаква возбудливост. Точно, ги имавме Doom и Duke Nukem, но сите знаеме дека крвта и цицките го одржуваа нашиот интерес кон нив. Тогаш се појави нов систем  од Microsoft, заедно со  Halo. Никој не знаеше што да очекува и најверојатно не очекувал многу. Тогаш ја пуштивме играта и бевме шокирани .Таа навистина го промени FPS жанрот кон подобро.

Игрите промениле сето

- Реклама -