Играње со храна

хранаВанеса Дуалиб заборавила дека кога била мала ѝ рекле да не си игра со нејзината храна. Што во нејзиниот случај е позитивна работа. 29 годишната ванеса е фотограф кој создава неверојатни животни од храна кои потоа ги фотографира.

хранаТаа исто така создава и приказна за секое растително животно – како „рибата“ на првата фотографија која живее во јужна Кина и еднаш во годината плива до Бразил. Ванеса до сега има создадено околу 70 различни животни од храна. Ванеса, која е од Сао Паоло во Бразил, за своите дела вели: „Обожавам фотографии, обожавам храна а не можам да речам дека животот е сериозен… ова е мојата посвета! За животот, за храната, за фотографијата и за вас!“
хранахранахрана

- Реклама -