Игра на престоли – убиен еден од омилените ликови

Можеби веќе сте навикнале на убиства на вашите омилени ликови во „Игра на престоли“, но ова малкумина го очекуваа.Оние кои се уште не ја виделе најновата епизода, подобро е да не го читаат остатокот од текстот.

Оние кои ја погладнаа и останаа со неверување мораме да ги разочараме – Да, Џон Сноу навистина умре во култната серија.

Самиот завршеток е прилично нејасен, па многумина се надеваа дека еден од омилените ликови ќе се врати на малите екрани во следната сезона, но Кит Харингтон, кој го толкува Џон Сноу, потврди дека повеќе нема да биде дел од актерската екипа.

kit-harington

„ Ми рекоа дека умрев. Мртов сум. Не се враќам во следната сезона. Тоа е се што имам да кажам“, истакна актерот.

„ Знаев дека тоа се ближи. Не сум ја прочитал книгата, но слушнав што се случува. Претпоставував дека тоа ќе се одвива оваа сезона, но не сфатив дека тоа ќе биде последната сцена од целата сезона, а мојата смрт ја направи дополнително посебна“, изјави тој.

- Реклама -