Иглу село во Финска

иглуиИглу селото во Какслаутанен, Финска е село составено од иглуа со стаклени покриви сместени во шума. Секое иглу покрај стаклениот покрив има и контролирана внатрешна температура и е одлично за уживање во милионите ѕвезди и Аурора Бореалис.

иглуИглуата се направени од специјално термално стакло кое овозможува чист видик дури и кога надворешната температура паѓа 30 степени под нулата. Секое иглу е опремено со тоалет и луксузни кревети. Покрај стаклените иглуа, селото има и традиционални снежни иглуа, снежен ресторан, галерија од мраз во која се изложени скулптури од мраз, како и мала снежна капела за оние кои сакаат да се венчаат. Вкупно во селото има 20 стаклени иглуа и 60 кревети во снежните иглуа, додека во ресторанот има место за 50-150 луѓе. Иглу селото ја започнува својата сезона помеѓу декември и јануари, во зависност од временските услови и останува отворено до крајот на Април.
иглуиглуиглуиглуиглуиглу

- Реклама -