Тапанарот на Foo Fighters ќе го глуми Иги Поп

Тејлор Хокинс, тапанарот на американската алтернативна рок-група Foo Fighters се вклучи во поставата на филмот CBGB, приказната за легендарниот панк клуб. Тој ќе го глуми Иги Поп во неговите млади години.

Хокинс е уште едно големо име најавено за филмот за ноќниот клуб во Њујорк, каде всушност се роди панкот, откако улоги добија и глумците од серијалот Хари Потер, Алан Рикмен и Руперт Гринт.

Гринт ќе го гледаме во улогата на Чита Кроум, гитаристот на групата Dead Boys, додека Рикмен ќе го толкува Хили Кристал, сопственикот на клубот CBGB.

Филмот ќе го режира Рендал Милер, а снимањето ќе почне овој месец.

{youtube}h_L4Rixya64{/youtube}

- Реклама -