iDrink: алкохолни рецепти според состојките што ги имате

idrink Еве една веб страница која ќе ви биде од корист овие денови. На iDrink можете да ги внесете состојките (од алкохолна природа) што во моментот ги имате и ќе добиете рецепти за коктелите што можете да ги направите. Можете да ја пребарувате и нивната архива од над 14.000 рецепти, да ја погледнете топ листата на најпопуларните пијалоци, а има и игри што одат со пиењето. Само не претерувајте со пробување на рецептите.

- Реклама -