Иднината е црна за Мртвото Море

Мртво МореМртвото Море е всушност солено езеро (најсоленото водено тело на светот) кое се наоѓа помеѓу Јордан и Израел. Поради негрижата на луѓето и постојаните воени конфликти, постои опасност истото да се претвори во безначајна бара. Дали некој ќе се обиде да го запре овој процес на уништување на една од најзначајните туристички дестинации на Блискиот Исток?

Мртвото Море е всушност солено езеро (најсоленото водено тело на светот) кое се наоѓа помеѓу Јордан и Израел. Поради негрижата на луѓето и постојаните воени конфликти, постои опасност истото да се претвори во безначајна бара. Дали некој ќе се обиде да го запре овој процес на уништување на една од најзначајните туристички дестинации на Блискиот Исток?

Мртво МореСекоја година, нивото на водата во Мртвото Море се снижува за цел еден метар. Водата е веќе повлечена од брегот за повеќе од километар и половина. Ако нештата продолжат со вакво темпо, најсоленото водено тело на светот ќе пресуши до 2050 година.

Никој ништо не презема за да се запре пропаѓањето на една од најважните туристички дестинации на Блискиот Исток, затоа што не постои можност за соработка меѓу земјите кои го делат ова неверојатно езеро. Арапско-Израелските воени конфликти ги спречија Израел и Јордан воопшто и да започнат да разговараат за зачувување на природното богатство, а ситуацијата станува алармантна.

Прочитајте и:  Израелските бомбардирања ги ставаат во опасност античките урнатини

Проблемите започнаа некаде во шеесеттите години, кога Израел, Јордан и Сирија започнаа да ја пренасочуваат водата од реката Јордан, главниот снабдувач на Мртвото Море, за агрикултурни и индустриски потреби. Само Израел троши повеќе од 60% од водата што ја носи големата река.

Обиди беа направени за полнење на езерото од страна на властите во Јордан, кои изградија цевковод со вредност од 2 милијарди долари кој од Црвеното Море пренесуваше вода во Мртвото Море. Проектот започна во септември, но на Јорданците им стана јасно дека нема да можат сами да го истуркаат проектот без каква и да е соработка од Израел или Палестинската власт на западниот брег.

Во моментов, Мртвото Море е долго 67 километри, а широко 18. Во 1960 година, површината на водата се наоѓаше на 395 метри под морското ниво. Со празнењето, денес депресијата е спуштена на -422 метри.

Ако во скоро време земјите не се договорат да го спасат ова природно богатство што изобилува со лековити минерали и соли, тогаш неговата иднина се става под знак прашалник. Едноставно, ќе го гледаме како со текот на времето се претвора во уште едно парче пустина.

- Реклама -