Идната највисока кула на Дубаи (и на светот)

Во Дубаи, поголемото е секогаш подобро. Направија вештачки острови, направија највисока кула, имаат трки со дронови со награда од милион долари, имаат гуми од 600.000 долари. Сега ќе градат уште поголема кула, таква што ќе направи Бурџ Калифа да изгледа како да ѝ е помало братче. Ќе биде повисока за 91.5 метри – со вкупна висина од 914 метри. Ќе се вика просто The Tower.

the-spaceship-esque-structure-will-tower-over-its-surroundings[1]

Emaar Properties официјално ја најавија во април. Конструкцијата само што започна, а кога ќе биде завршена во 2020-та, кулата ќе биде висока повеќе од 900 метри и ќе чини 1 милијарда долари.

Архитектот Сантијаго Калатрава земал инспирација од грациозниот неотворен цвет на кринот. Тенкиот централен бетонски столб ќе биде покриен со овален „цвет“, а структурата ќе биде поддржана од мрежа од челични кабли (кои ќе ги претставуваат жилите на цветот). На врвот ќе биде сместена “Pinnacle Room” – панорамска платформа со хотел, градини, соби за состаноци, ресторани и поглед од 360 степени од највисоката човечки направена точка во светот. „Цветот“ ќе служи и како „светилник“ во ноќта, а светлосниот систем исто така ќе ги истакнува карактеристиките на цветот, изгледајќи како да лебди над структурата.

artist-rendering-of-dubais-future-skyline[1]

Да, Дубаи и ОАЕ веќе ја имаат Бурџ Калифа, која беше завршена во 2010-те и во моментов е највисока на светот. Сепак, нејзиниот рекорд е на пат да биде срушен откако во Џеда, Саудиска Арабија, ќе биде завршена изградбата на Kingdom Tower во 2018. Ако The Tower биде изградена според планот, рекордот нема долго да престојува надвор од Дубаи.

„Изградена да ги надмине сите граници“, се вели на сајтот на градежнатa компанија Emaar, „новата икона на 21 век ќе стане дел од твојот стил на живот, пријателско лице што ќе ти го покажува патот кон дома“.

artist-rendering-of-a-new-city-center-focused-around-the-tower[1]

Секако, „Кулата“ е повеќе израз на ________ (пополни по лична желба), отколку функционална зграда. Мисијата е да се „дизајнира споменик на изразита елеганција и уметништво“, рече директорот на Emaar во видеото од април. Додаде и дека кулата „ќе додаде вредност“ и „ќе го слави светот“, со тоа што ќе биде навистина убава и најголема.

artist-rendering-of-the-base-of-the-tower[1]

Ама изградбата на таква кула среде Персискиот залив, каде што климата е сурова и знае да казнува, не е најлесното нешто. Од Aurecon – компанијата партнер на Emaar во изградбата, вели дека модификуваниот терен ќе помогне во избегнување на соларната штета, а водата од системот за ладење ќе се користи за чистење на фасадата на The Tower.

artist-rendering-of-the-towers-inside-garden[1]

Според Emaar, идејата зад „Кулата“ е да се искористи технологијата како „помошно средство за убавината, технологијата како ‘возило’ за уменоста“. Таа ќе биде олицетворение на идејата за добредојденост на луѓето и ќе биде сигнал не само за соседите, за Дубаи и за Емиратите, туку за целиот свет.

- Реклама -