Израелската армија соопшти дека од 7 часот изутрината, откако Хамас го прекршил примирјето, извршила воздушни напади врз околу 200 цели низ Појасот Газа.
Цел на нападите биле и неколку цели во Кан Јунис и Рафа, на југот на палестинската енклава, пишува „Тајмс оф Израел“.
Израелската армија соопшти дека копнените трупи истовремено уништиле структури кои биле минирани, тунели, како и локации за лансирање ракети и друга инфраструктура на Хамас.
Поморски ракетни чамци, тенкови и артилерија денеска извршија напади и во Газа, се додава во соопштението.
Во текот на денот од Појасот Газа биле истрелани околу 50 ракети врз градови на југот на Израел, пишува „Тајмс оф Израел“.
МИА