ИДФ и Шин Бет објавија дека е убиен лидерот на Хамас, Јахја Синвар

Израелската армија и службата за државна безбедност на Израел, Шин Бет објавија дека лидерот на Хамас Јахја Синвар е убиен.

Претседателот Исак Херцог ги пофали ИДФ, Шин Бет и безбедносните служби за елиминирање на „големиот терорист Јахја Синвар.
„Синвар, организаторот на смртоносниот напад на 7 октомври, со години е одговорен за грозоморни терористички акти против израелски цивили, граѓани на други земји и убиства на илјадници невини луѓе“.

„Злобните напори на Синвар беа посветени на терор, крвопролевање и дестабилизација на Блискиот Исток“, наведува Херцог, додавајќи дека „сега, повеќе од кога било, мора да дејствуваме на секој можен начин за да ги вратиме 101-от заложник кои се уште се држат во ужасни услови на терористите на Хамас во Газа“.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

Смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар е „важно достигнување“, но тоа не го означува крајот на војната, изјави шефот на Националното единство и поранешен министер за воен кабинет, Бени Ганц.

ИДФ „ќе продолжи да работи во Појасот Газа во годините што доаѓаат“ и Израел мора да ги искористи неодамнешните достигнувања, вклучително и смртта на Синвар, „за да дојде до враќање на заложниците и замена на владеењето на Хамас“.

Опозицискиот лидер Јаир Лапид ја поздрави акцијата во која беше убиен шефот на Хамас Јахја Синвар, нарекувајќи го „еден од најлошите терористи во светот“ и споредувајќи го со водачите на Ал Каеда и ИД.

- Реклама -