Идеалниот маж во 60-те години

Како изгледал и што требал да поседува идеалниот маж во 60-те?

Мажот морал да има стабилна работа и да помага во домот, но и да умее да танцува. Анкетираните дами сметале дека идеалниот маж не мора да биде виртуоз на подиумот, но сека секако мора да биде подвижен.

Магазинот „Тајм“ неодамна запраша како изгледал идеалниот маж во далечните 60-ти, и кои машки особини биле совршенство за жените од ова доба.

Пребарувајќи ги печатените весници од тоа време, новинарите од „Тајм“, наишле на текст објавен во весникот „Лајф“, каде стои дека совршениот маж морал да биде „висок со сини очи, чесен, да се занимава со спорт и да е активен во општеството“.

Прочитајте и:  Внимание: Го направија Скопје зоолошка градина, паѓаат фасади, нема безбедност, владее урбана мафијa

Морал, исто така, да има стабилна работа и да помага во домот, но и да умее да танцува.

Непосакувани карактеристики, од друга страна, биле претераната посесивност, желбата за доминација, егоизмот, простото однесување, тврдоглавоста и неподготвеноста за дружење со семејството и пријателите.

На прашање на магазинот „Лајф“ кои познати личности најмногу одговараат на ликот на „идеалниот маж“, голем број жени одговориле Пери Комо, тогашен популарен ТВ водител.

Понатаму следат: Елвис Присли, Марлон Брандо и Џејмс Дин, а меѓу политичарите биле истакнати Џон Кенеди, Двајт Ајзенхауер и Ричард Никсон.

muskarac_1960_620x0

- Реклама -