ИД се заканува со напад пред СП 2018

Терористичката група Исламска држава се заканува со напад пред или за време на Светското првенство во 2018.

Тие на својот интернет канал поставиле фотографија со фудбалерот Лионел Меси, како му течат крвави солзи.

Пораката на ИД е дека ќе извршат крвави напади за време на Светското првенство коешто ќе се одржува во десет руски градови, поради, како што се наведуваат, „Русите се Алахови непријатели“.

Останува да се види дали организаторите и домаќините ќе ги сфатат сериозно овие закани и да одлучат што понатаму би презеле за да се зголеми безбедноста за време на Мундијалот, поради тоа што се очекува Русија да биде преполна со туристи во тој период.

- Реклама -