Златан Ибрахимовиќ денес влегува во историјата

Иако сè уште го нема освоено пехарот во Лигата на шампионите, шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ вечерва ќе влезе во историјата на ова елитно фудбалско натпреварување, како прв играч што играл за шест различни клубови.

Почна во Ајакс, продолжи во Јувентус, Интер, Барселона, Милан, а утре ќе го носи и дресот на Париз Сен Жермен.

Досега имало само неколкумина фудбалери кои биле дел од пет различни клубови во Лигата на шампионите. Тоа се Николас Ањелка (Арсенал, Реал Мадрид, Ливерпул, Фенербахче и Челзи), Фернандо Мориентес (Реал Мадрид, Монако, Ливерпул, Валенсија и Марсеј), Стефан Далма (Бордо, Интер, Ленс, ПСЖ и Марсеј), Емерсон (Баер Леверкузен, Рома, Јувентус, Реал Мадрид и Милан) и Ернан Креспо (Парма, Лацио, Интер, Челзи и Милан).

Но, само двајца од нив го кренале и пехарот во Лигата на шампионите, Мориентес и Ањелка. Златан Ибрахимовиќ ќе се издвои на врвот, со настап во шест различни тимови во Лигата на шампионите, но останува прашањето дали некогаш ќе дојде блиску и до круната.

- Реклама -